Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ја прокоментира победата од 2:0 над Челзи во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.
„Секогаш кога играте во елиминации, чувствувате дека сте можеле и требало однапред да ги исчистите сите прашалници. Челзи за малку ќе постигнеше гол на крајот. Добивме добар резултат, но загрижува фактот што не постигнавме трет, а можеби и четврти гол. Се надевам дека нема да зажалиме за тоа следната недела“, изјави Куртоа.