Манчестер Сити е се поблиску до потписот на узбекистанскиот репрезентативец, Абдукодир Кусанов.
Според одредени наводи, „граѓаните“ доставија официјална понуда за дефанзивецот на Ленс во висина од 50 милиони евра.
Самиот фудбалер не крие дека сака да работи под диригентската палка на Пеп Гвардиола. Кусанов во сезонава има одиграно 16 натпревари.

