Бразилскиот напаѓач Филипе Кутињо , кој моментно е на позајмица во Баерн Минхен, може да се врати во Ливерпул, пренесува весникот „Марка“.
Според изворот, напаѓачот веќе го повикал тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп и му кажал дека е подготвен да му биде намалена платата за да се врати во клубот. Претходно беше објавено дека раководството на Барселона во следниот трансфер период сака да се раздели со Кутињо.
Кутињо ги бранеше боите на Ливерпул од 2013 до 2018 година, по што се пресели во Барселона. Во летото 2019 година, Бразилецот се пресели во Баерн Минхен од Барселона на позајмица за 8,5 милиони евра.
Оваа сезона, 27-годишниот бразилски играч од средниот ред учествуваше на 22 натпревари од германскиот шампионат, во кои постигна осум гола (еден од пенал), а исто така имаше и шест асистенции. Баерн има право да го купи играчот за 120 милиони евра, но нема да го стори тоа. Договорот на Кутињо со Барселона важи до летото 2023 година.