Новото засилување на Баерн (Минхен), Филипе Кутињо, пристигна во градот и подоцна ќе му биде извршен лекарски преглед.
Играчот од средниот ред доаѓа од Барселона со позајмица за една сезона со опција за купување.
Според весникот „Билд“, германскиот клуб ќе плати 8,5 милиони евра за самиот трансфер, вклучувајќи ја и платата на играчот од 13 милиони евра. Клаузулата за откуп е 120 милиони евра. На „Алијанц Арена“ тој ќе го носи дресот со број 10.
Кутињо станува седмиот нов играч на Баерн ова лето. Пред него, Баварците ги купија Лука Ернандез, Бенџамин Павар и младите Јан-Фијте Арп, Лијам Морисон и Микаел Квизанс, а Иван Перишиќ пристигна со позајмица.