Тимот на Њукасл планира да го доведе фудбалерот на Барселона Филипе Кутињо како прво големо засилување во јануари. Како што е добро познато, конзорциумот од Саудиска Арабија го купи тимот за 300 милиони британски фунти и така заврши ерата на Мајк Ешли на „Сент Џeјмс Прак“.
Зад инвестицискиот фонд стои наследникот на престолот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман. Њукасл го доби статусот на најбогат клуб во Премиер лигата, надминувајќи ги дури и претендентите за титулата Манчестер Сити и Челзи.