Бразилскиот фудбалер за врска на Барселона, Филипе Кутињо, изјави, дека заздравувањето од повредата на коленото се одвива под очекувањата.
Бразилецот е надвор од терените и се лекува во татковината откако се повреди на мечот со Еибар одигран во декември во 2020 година.
„Работам напорно и убеден сум дека ќе се вратам. Закрепнувањето е бавно, потребно е трпеливост и посветеност. Предизвиците секогаш ме мотивирале“ – напиша 28-годишниот играч на Инстаграм