Бразилскиот играч од средниот ред, Филипе Кутињо кој е во сопственост на Барселона и игра во Баерн Минхен на позајмица, може да се врати во каталонскиот клуб веќе во овој зимски трансфер период, пренесуваат медиумите во Барселона.
Германскиот клуб нема да го откупи договорот на 27-годишниот играч, па затоа сака да го врати во Барса што е можно поскоро. Филипе Кутињо се пресели во Барселона од англискиот Ливерпул на 6 јануари 2018 година за 125 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор со обештетување од 400 милиони евра.
Како дел од каталонскиот тим, Бразилецот го освои Шпанското првенство двапати, еднаш Купот и Супер Купот на земјата. На 19 август 2019 година Кутињо се пресели во Баерн. Досега има одиграно 17 натпревари и постигнато шест гола во дресот на Баерн Минхен.