Играчот од средниот ред Фелипе Кутињо веројатно нема да се појави повеќе на теренот со екипата на Баерн (Минхен).
Иако се очекува Бундеслигата да продолжи следната недела, Бразилецот веројатно го одигра својот последен натпревар за баварскиот гигант. Тој сè уште се опоравува од повредата на зглобот, откако беше подложен на операција на 24 април. Тогаш беше објавено дека неговиот третман ќе трае 6 недели. Според „Мундо Депортиво“, во најдобар случај тој може да биде во составот на својата екипа за последното коло. Дури и ако тоа се случи, неговото вклучување во играта нема да има смисла, со оглед дека е јасно дека играчот од средниот ред нема да остане во Баерн следната сезона.
Кутињо е во сопственост на Барселона, но тие немаат намера да вратат на „Камп Ноу“. Каталонците сакаат да го продадат Бразилецот за околу 100 милиони евра. Со оглед на финансиската криза, таквата цена изгледа нереална, па можно е дека 27-годишниот фудбалер сепак да добие нова шанса во Барселона. Њукасл, Челзи и Лестер покажуваат интерес за Кутињо, па останува да видиме за каква опција ќе се одлучат во Барселона.