Бразилскиот фудбалски репрезентативец, Филипе Кутињо, кој со неговата селекција настапува на „Копа Америка“, изјави, дека никој не знае што ќе се случува со неговата кариера на „Камп Ноу“.
„Не знам дали ќе продолжам во Барселона, ќе видиме што ќе се случи сега сум фокусиран само на Копа Америка“- потенцираше Кутињо кој влегува во радарот на ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Челзи.
Последните шпекулации велат дека Кутињо сака да се врати на Островот и дека има желба повторно да го облече дресот на Ливерпул.