Фудбалерот на Барселона, Филипе Коутињо, кој претходно ги бранеше боите на премиер-лигашот Ливерпул, изјави, дека не планира во догледно време да се враќа во англиското првенство.
„Сега мислам само на настапите за Барселона. Втора сезона сум во клубот и затоа воопшто не размислува за враќање во Англија. Тоа не влегува во моите планови. Да, имам неколку трофеи, но, имам намера да освојам многу повеќе бидејќи сум многу амбициозен фудбалер. Среќен сум, бидејќи секогаш сум сакал да играм во Шпанија” — рече Коутињо во интервјуто за – „Daily Mirror“.
Деновиве медиумите објавија дека за 26-годишниот Бразилец се заинтересирани луѓето од Манчестер Јунајтед и Челзи. Кутињо во тековнава сезона има одиграно 44 мечеви за Каталонците на кои забележа 10-ет голови.