Фудбалерот, Фелипе Кутињо, дефинитивно ќе остане во Астон Вила и ќе добие преманентен договор, потврдија денеска англиските медиуми.
Бразилецот ќе игра на „Вила Парк“ до 2026 година а Барселона за трансферот ќе добие 20 милиони евра. Кутињо од јануари настапува како позајмен фудбалер и сосема ги задоволи барањата на челниците на англискиот состав.
Барселона од неговиот нареден трансфер треба да добие 50%.