Фелипе Кутињо го имаше првото интервју за клупската телевизија на Баерн Минхен, зборуваше за неговиот потег да дојде на „Алијанц Арената“, како и за неговите очекувања и голови во дресот на Баварците.
Бразилецот се пресели од Барселона во Минхен со позајмица до крајот на сезоната 2019/2020, а договорот меѓу двата тима вклучува и клаузула од 120 милиони евра преку која германските шампион може трајно да го откупат.
„Да се биде овде е чест за мене. Баерн е огромен клуб со прекрасна историја, а самата идеја дека тие беа заинтересирани за мене, одигра голема улога во доаѓањето. Среќен сум што сум дел од таков одличен клуб во моментов“, рече крилниот напаѓач, додавајќи дека се советувал со друг поранешен играч на Барселона пред неговиот трансфер во Минхен.
„Го познавам Тиаго долго време. Тој е исто така од Рио де Женеиро и имаме заеднички пријатели. Разговаравме многу и тој ми објасни како се одвиваат работите во Баерн, па благодарение на тие разговори, се заљубив во клубот пред да пристигнам овде“, додаде Кутињо.
„Јас комуницирам со другите на англиски јазик, но сакам да учам германски. Јас ќе се обидам да учам во слободното време за да можам да разберам сè. Дефинитивно е јазик што го сакам. Моите цели се секогаш да освојувам трофеи, да освојувам важни работи. Јас се приклучив на голем тим на многу добри играчи и се надевам дека има што да дадам за оваа екипа. Сакам да учам од секој човек што работи овде“, заврши Кутињо, додавајќи дека негови идоли се Роналдињо, Роналдо и Пеле.