Талентот на Милан, Патрик Кутроне го продолжи договорот со клубот. Денес стана јасно дека ќе дојде до вакво нешто откако самиот Кутроне објави порака на „Твитер“.
Овој млад играч ќе остане во Милан до 2023 и ќе добие 1 милион евра по сезона. Кутроне стана миленик на публиката, а покрај тоа што сеуште нема 20 години веќе постигна 21 гол на 67 натпревари во дресот на Милан во сите категории, а во сениорскот тим постигнал 11 гола..
Со неговите добри настапи тој доби и повик во А селекцијата на Италија од страна на селекторот Роберто Манчини.