Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Кузмановски официјално ќе игра во Еурофарм Работник
    Фудбал

    Кузмановски официјално ќе игра во Еурофарм Работник

    risteBy riste07/09/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот млад ракометар Филип Кузмановски се договори со неговата досегашна екипа Металург за раскин на договорот и тоа на само десет месеци до крајот на неговиот договор.

    Лошата финансиска состојба на оваа екипа и неисплатените плати го натераа 22-годишниот репрезентативец да ја промени средината. Во преостанатиот дел од сезоната Кузмановски се определи да настапува за екипата на Еурофарм Работник од Битола, откако постигна договор со раководството на овој клуб за соработка до мај 2019 година.

    Веќе од наредната сезона, Кузмановски ќе ја продолжи кариерата и ќе заигра во најсилната лига во светот, Бундеслигата, ќе ги брани боите на Магдебург.

    Кузмановски ќе биде наш нов ракометар кој ги следеше постапките на Филип Талески, Дејан Манасков, Борко Ристовски и уште многу други македонски интернационалци кои биле дел од германското ракометно првенство.

    Во текот на изминатите денови се шпекулираше дека освен ЕурофармРаботник за потписот на Кузмановски се заинтересирани Вардар, Железничар од Ниш, ППД Загреб како и Мотор Запорожје и Татран Прешов, сепак тој се определи за тимот од Битола.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година

    03/02/2023

    Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата

    03/02/2023

    Мартинели потпишал нов договор со Арсенал

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година
    • Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.