Нашиот бек, Филип Кузмановски, ги потенцираше нашите слабости на двата меча со Словенија и Црна Гора на Европското првенство во групата во Дебрецин.
„Против Словенија имавме многу технички грешки и требаше да ги поправиме против Црна Гора, но тоа не се случи. Имавме пех што имаме голем број на повредени, Дејан Манасков, Никола Марковски, Стојанче Стоилов без кого останавме пред дуелот со Црна Гора, како и без Кире Лазаров кој се повреди на последниот тренинг“ – вели Кузмановски.
„Против Данска нема што да загубиме. Навистина добро се подготвувавме, треба да одиграме добар меч, прво за себе, борбено. Пробуваме да играме нов систем, да не биде таа македонија од претходните првенства. Сакаме да пробаме брз ракомет со многу ротации и тука правиме многу технички грешки“ – рече Кузмановски на денешниот брифинг.