Филип Кузмановски кој има искуство од Германија, вели дека домаќинот ќе има голема поддршка од трибините на утрешниот меч во Берлин во групната фаза на Европското првенство.
„Бидејќи играв таму, многу добро знам како ќе биде на теренот. Направена е промена на генерациите и тимот има фантастични ракометари“ – вели Кузмановски.
„Јасно ни е дека без одбрана не можеме да оствариме добар резултат и можам да ветам една поцврста игра во дефанзивата. Морам да истакнам дека чувстввам притисок, но тоа за мене е позитивно“ – вели Кузмановски.

