Вчера беа одиграни дел од натпреварите во последното 38.коло во италијанската Серија А. Сампдорија ја победи Парма на свој терен со резултат 3:0. За напаѓачот на Сампдорија Фабио Кваљарела, овој натпревар беше 500-ти во италијанската Серија А.
Напаѓачот излезе во почетниот состав и го отвори резултатот во 20-та минута. Вкупно, 38-годишниот Кваљарела постигна 177 голови и даде 50 асистенции на 500 натпревари во Серија А. Тој ја започна својата кариера како напаѓач во Торино, а потоа играше за Асколи, Удинезе, Наполи, Јувентус и Сампдорија.
Дебито на напаѓачот се случи на 14 мај 2000 година, кога имаше 17 години. Првиот гол Италијанецот го постигна на 21 декември 2005 година против Тревизо. Кваљарела стана само петтиот играч во историјата кој ја достигна границата од 500 натпревари. Повеќе натпревари одиграа Алберто Џилардино (514), Силвио Пиола (537), Роберто Манчини (541) и Франческо Тоти (619).

