Челниците на Наполи размислуваат да го продадат фудбалерот од средниот ред, Квича Кварацелија за околу 100 милиони евра, наведуваат денеска медиумите во Италија.
23-годишниот Грузиец во сезонава одигра 39 натпревари со ефект од 10 голови и 7 асистенции во сите конкуренции. Неговиот договор е валиден до 2027 година.
За Кварацелија се заинтересирани неколку европски гиганти а во преден план се наметнува ПСЖ.