Играчот од средниот ред на Наполи, Хвича Кварацхелија наскоро ќе потпише нов договор со италијански Наполи. Агентот на фудбалерот Мамука Џуџели веќе е во Неапол, пишува „Кориере дело спорт“.
Според изворот, фудбалскиот агент Мамука Џугели денеска пристигнал во Неапол за да преговара со клубот од Италија околу продолжувањето на договорот со грузискиот фудбалер. Главната задача е да се прилагоди сегашната плата, која моментално изнесува 1,4 милиони евра по сезона.
„Кориере дело спорт“ исто така забележува дека претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис сака да ги заштити своите играчи од можни премини во таборот на конкурентите, па затоа планира и да ги подобри условите од актуелниот договор со наполитанскиот напаѓач Виктор Осимен.

