Шпанската Ла Лига одговори на најавата дека е поднесена претставка во полицијата за навреди на расна основа кон фудбалерот на Реал (М), Винисиус Јуниор.
Ла Лига ги разгледа навредливите скандирања и гестови на навивачите на Реал Сосиедад кон крилниот напаѓач на Реал Мадрид за време на натпреварот од Копа дел Реј. Претставниците на лигата стапија во контакт со автономната полиција на Баскија и ја доставија претставката.
„По собирањето на потребните докази за да се докаже постоењето на расистички навреди, што беше извршено преку пребарување и анализа на снимките, Ла Лига поднесе жалба до автономната полиција и против одговорните за навредите и расистичките гестови упатени кон играчот Винисиус Јуниор за време на натпреварот од полуфиналето на Шпанија“, се вели во соопштението на лигата.

