Шпанскиот фудбалски шампионат ги продаде своите телевизиски права во следните пет години за 4,48 милијарди евра. На аукцијата победи Медијапро, која ги држеше до сега, а сега го продолжува својот договор до крајот на сезоната 2023/24. Раководството на „Ла Лига“ изрази задоволство што приходите од телевизиските права се 30% поголеми од сегашниот договор, кој истекува за една година.
„Задоволен сум бидејќи се задржува трендот на зголемување на приходите. Ова покажува дека „Ла Лига“ добива се поголема популарност и продолжува да биде квалитетен производ. Шпанската лига останува најдобра во светот”, рече претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.
Правата на внатрешниот пазар беа заеднички добиени од Телефоника и Медијапро, кои добија два пакети за емитување на дуелите. Вкупните права на внатрешниот пазар изнесуваат 3,4 милијарди евра или 1,14 милијарди евра за сезона во периодот 2019-2022.
Телефоника има право да емитува „Ла Лига“ на територијата на Шпанија и Андора, но не и да дистрибуира меѓународен сигнал. Медијапро може да ги емитува натпреварите во барови и ресторани, а исто така емитува емисија со најинтересните моменти од средбите. Приходите од договорот за домашниот пазар се за 15 отсто повеќе од претходниот договор, кој изнесуваше 2,9 милијарди евра. Сепак Шпанската фудбалска лига не успеа да ја исполни претходно поставената цел, која беше да ги продаде правата за една сезона за 1,3 милијарди евра, или вкупно за 3.9 милијарди евра.