Лацио нема да може да се потпре на својата голема ѕвезда Чиро Имобиле за дербито со Јувентус кое е на проограмата вечерва.
32-годишниот напаѓач неодамна се врати на теренот откако претходно имаше истегнување на тетивата. Затоа, клубот се надеваше дека тој ќе може да игра против „бјанконерите“. За жал, тој заработи уште една повреда на мускулот на тренинзите и затоа воопшто не отпатува за пресметката во Торино.
Веста беше објавена на официјалната веб-страница на Лацио, каде што беше објавено дека играчот има проблем со десниот бут и дека ќе биде одморен како мерка на претпазливост. Лошата вест ја потврди и самиот Имобиле, кој на својот Инстаграм профил објави емоции со тажно лице.
Имобиле и оваа сезона беше исклучително важна фигура за Лацио и неговото отсуство секако ќе има свое влијание. Од почетокот на сезоната има 7 гола и 5 асистенции на 15 одиграни натпревари за Лацио во сите натпреварувања.