Играчот за врска на Ајнтрахт, Филип Костиќ, кариерата може да ја продолжи во Италија. Според информациите, Лацио е заинтересиран за 28-годишниот Србин, кој е желба и на новиот тренер Сари.
Римјаните имаат намера да го добијат фудбалерот на позајмица за 3 милиони евра, со можност за откуп за 20 милиони евра. Во сезоната што заврши, Костиќ одигра 30 натпревари во Бундеслигата, на кои постигна четири гола и направи 17 асистенции.

