Лацио е многу блиску до постигнување на договор со бразилски Сантос за првото поголемо летно засилување на „римските орли“. Според информациите на италијанските медиуми, „бјанкочелестите“ се на чекор од потпишување на договор со напаѓачот Маркос Леонардо.
„Газета дело Спорт“ објави дека понудата од 12 милиони евра која Лацио ја доставил до Сантос била позитивно примена од бразилскиот тим, па сега останува да се направи уште финалниот договор.
Бразилскиот клуб првичното бараше 20 милиони евра за Леандро, но се чини и 12 милиони ќе ги задоволат нивните апетити.