Лацио ја одбил понудата на вест Хем во висина од 33 милиони фунти за бразилскиот играч од средбиот ред, Фелипе Андерсон. Веста ја потврди новиот менаџер на „чеканите“, Мануел Пелегрини.
25-годишниот Андерсон постигна 4 гола за екипата на Лацио минатата сезона и веќе 5 години е дел од „римските орли“. За него веќе неколку сезони има континуиран интерес од англиските клубови, пред се од Манчестер Ј., Лестер и Саутемптон.
Лацио не успеа да избори место во Лигата на шампионите и оваа сезона, што може да биде причина плус за Бразилецот да побара да си замине од Италија.