Лацио покажува сериозен интерес за напаѓачот на Сарагоса, Луис Суарез. Овој фудналер го има истото име и презиме со големата ѕвезда на Барселона и игра на позајмица за екипата од Сегунда дивизија, а неговите права ги има Ватфорд.
Понудата на италијанскиот клуб ќе биде во вредност од 15 милиони евра, и предвидува одредени бонуси. 22-годишниот Суарез помина низ академиите на Гранада и Ватфорд, а потоа беше испратен во Ваљадолид и Гимнастик. Оваа сезона Колумбиецот игра одлично во екипата на Сарагоса и има 17 гола на 29 натпревари, а неговиот тим е во битка за пласман во Ла Лига.
Лацио се брза да го финализира договорот со Суарез, затоа штого следат и други клубови, вклучувајќи ги Наполи, Атлетико Мадрид, Валенсија и Бетис. Друга трансфер цел за римскиот клуб е играчот од средниот ред на Вулверхемптон, Леандер Дендонкер.