Играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, сепак, може да потпише нов договор со клубот, соопшти „Скај Спорт Италија“. За српскиот интернационалец не е пристигната конкретна понуда, што им дава надеж на „римските орли“ дека евентуалниот предлог за нов договор ќе биде прифатен.
Милинковиќ-Савиќ во моментов има договор со клубот до 2024 година. Лацио му стави цена од 40 милиони евра, но оваа сума изгледа висока на сите заинтересирани.