Во натпреварот од 23-то коло од италијанскиот шампионат, римски Лацио на гостувањето на стадионот „Енио Тардини“ ја совлада Парма со минимален резултат 1:0 благодарение на голот на 31-годишниот еквадорски напаѓач Фелипе Сеиседо.
Оваа победа му овозможи на римскиот клуб да постави нов рекорд за себе – 18 натпревари во низа без порази во италијанскиот шампионат. Лацио последен пат загуби на гостувањето кај Интер на 25 септември со 1:0, а од тогаш е во серија од 18 првенствени среддби без пораз.
Лацио во моментов има 53 бода од 23 натпревари, го зазема третото место на табелата во италијанската лига, зад водечкиот Интер и второпласираниот Јувентус кои имаат бод повеќе од нив. Веќе во следното коло во Рим на „Олимпико“ играат против лидерот Интер.

