Италијанскиот Лацио ќе се обиде да го привлече бразилскиот играч Малколм. Крилото разочара со неговиот настап во Барселона по трансферот од Бордо во текот на летото.
За време на летниот трансфер период за трансферот на Малком се водеше голем битка, тој најнапред беше договорен со Рома, но во последен момент се предомисли и потпиша за Барселона. Сега има повторно шанса да се пресели во главниот град на Италија, но овој пат во друг тим.
Менаџментот на Барселона инвестираше 41 милион евра во трансферот на Малком, кој не успеа да се избори за место во стартниот состав на Ернесто Валверде. Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, контактирал со Каталонците за да ја испита можноста да го добие бразилецот на позајмица.