Тимот на Лацио е заинтересиран за напаѓачот на Борусија (Дортмунд), Андре Шурле. Екипата од Рим е подготвена да го привлече крилото до крајот на летниот трансфер период.
Раководството на Лацио ќе ги инвестира парите од трансферот на Фелипе Андерсон во Вест Хем, пренесуваат медиумите во Италија. Шурле беше оставена надвор од составот на Борусија Дортмунд за летната турнеја во САД и агентот на германскиот фудбалер веќе започна преговори со други клубови.
Проблем за Лацио може да биде високата плата на Шурле, која во моментов изнесува 4,5 милиони евра. Римскиот клуб може да му понуди на напаѓачот само 3 милиони евра, но исто така и сигурно место во стартниот состав и поголема минутажа.