Тренерот на фудбалерите на Бенфика, Бруно Лаге, очекува неговите избраници да одиграат максимално мотивирано на денешниот реванш-меч со Монако во рамките на елиминациите во Лигата на шампионите.
Португалскиот состав на првата средба во Франција славеше минимално со 1-0 и со тоа ја отвори вратата кон наредната фаза или 1/8 финалето.
„Не смееме да го гледаме резултатот од првиот меч. Треба да ја покажеме нашата најдобра игра“ – вели тренерот на Бенфика.

