Тренерот на фудбалерите на Бенфика, Бруно Лаге, верува дека неговите избраници може да ја анулираат негативата од еден гол откако загубија на првиот меч од Барселона со 1-0. Португалците денеска ги очекува реваншот во Шпанија.
„Барселона е полна со играчи од светска класа и нема пораз во 2025 година“ – изјави Лаге пред денешниот меч од 18.45 часот.
„Претходно кога игравме против Каталонците создадовме многу шанси за гол. Мислам дека можеме многу повеќе“ – рече тренерот на Бенфика.

