На дефанзивецот на фудбалскиот состав Борусија (Менхенгладбах), Стефан Лајнер, му е дијагностициран лимфом во рана фаза и ќе паузира неколку месеци.
-Постојат исклучително големи шанси тој да биде целосно здрав и да се врати на нормалниот живот вклучително и во професионалниот спорт“ – стои во соопштението на германскиот клуб.
„Ќе направиме се што е во наша моќ за да го добие најдобриот третман“ – вели Роланд Виркус од Управниот одбор на Борусија Менхенгладбах.

