Младинскиот фудбалски репрезентативец на Холандија, Езекиел Банзузи, од наредната сезона ќе го носи дресот на германскиот состав, РБ Лајпциг. 2
0-годишниот играч од средниот ред во јули ќе го напушти белгискиот Леувен и ќе му се приклучи на бундеслигашот. За неговиот потпис ќе бидат платени околу 16 милиони евра.
Фудбалерот ќе добие договор за пет сезони. Банзузи игра во првата дивизија на Белгија од 2023 година и досега има 66 настапи. Тој е дел од репрезентацијата на Холандија до 21 година.

