Напаѓачот на лондонскиот Арсенал, Александар Лаказет може да го смени клубот во следниот летен трансфер период. Јувентус, Интер и Атлетико Мадрид покажуваат интерес за Французинот, пренесува „Л‘Екип“.
Лаказет игра за Арсенал уште од 2017 година. Договорот на 29-годишниот фудбалер со „Топџиите“ е соважност до крајот на сезоната 2021/22. Трансферната вредност на Александар Лаказет се проценува на 48 милиони евра. Во тековната сезона, Лаказет постигна 10 гола и 4 асистенции на 32 натпревари во сите натпреварувања за својот клуб. Арсенал е на седмото место на англиската Премиер лига.
Денес, лондонскиот тим ќе го одигра натпреварот од 34. коло против Лестер Сити на домашен терен во обид да фати приклучок кон тимовите кои се борат за пласман во Лига Европа.