Херој за Арсенал при победата од 3:1 над Валенсија во првиот полуфинален меч од Лига Европа Александре Лаказет очекува тежок реванш на „Местаља” на 9 мај. Французинот постигна два гола, со кои „топџиите” го свртеа резултатот, а Пјер Емерик Обамејанг постави конечниот резултат.
„Сакаме да ја освоиме Лига Европа, што ќе ни донесе пласман во Лигата на Шампионите, но исто така ќе ни донесеме трофеј. Ќе е волшебно да играме во финалето, но прво ни претстои тежок реванш. Требаше да постигнеме уште некој гол на оваа средба. Јас пропуштив две добри шанси, но за среќа Обамејанг постигна трет гол. Знаевме дека противникот е добар во воздушните дуели, токму денес примивме таков гол. Треба да сме повеќе внимателни на реваншот. Позитивно е што покажавме карактер и реагиравме добро по брзиот гол кој го примивме на почетокот на натпреварот”, изјави Лаказет по натпреварот.