Адам Лалана, кој ќе го напушти Ливерпул како слободен агент откако ќе истече договорот со оваа екипа за неколку дена, својата кариера ќе ја продолжи во Брајтон.
Популарните „Галеби“ му понудија три сезонски договор на 32-годишниот поранешен репрезентативец на Англија, кој има забележано вкупно 22 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања оваа сезона.
Ова значи дека следната сезона Лалана ќе има шанса да се врати на „Енфилд“ кога неговиот нов тим ќе гостува во шампионатот. Ливерпул го привлече Лалана во јули 2014 година, кога му платија на Саутемптон 25 милиони фунти за него. Неговиот договор истече на крајот на јуни, но тој го продолжи за еден месец за да остане до крајот на сезоната.
Во средата, тој го доби својот златен медал заедно со други играчи на Ливерпул за освоената титула. Пред некое време се шпекулираше дека Лестер Сити е заинтересиран за Лалана.