Филип Лам, кој беше капитен на фудбалската репрезентација на Германија, повторно изјави дека Катар не требаше да ја добие организацијата на Мундијалот.
„ Хомосексуалците сè уште се прогонувани со закон. Жените немаат исти права како мажите. Има ограничувања на слободата на изразување и во медиумите“ – вели Лам.
„Условите за работниците мигранти се ужасни. Фудбалот не е популарен во Катар и нема можност да го практикуваат ниту девојките“ – изјави Лам кој е на чело на Организацискиот комитет на Германија за претстојното Европско првенство во 2024 година