Англискиот фудбалски состав Тотенхем ќе го испрати Ерик Ламела во Севилја а за возврат ќе го ангажира младиот шпански репрезентативец, Брајан Хил.
Екипата од Шпанија ќе добие и додатни 25 милиони евра за да се комплетира целиот трансфер. 20-годишниот Хил набрзо ќе се појави во дресот на Шпанија на ЛОИ во Токио. Тој во претходната сезона беше позајмен во екипата на Еибар.
„Спарси“, пак, се определија на размена со доплата бидејќи на Аргентинскиот играч му остана да одработи само уште една сезона од договорот.