Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, е прогласен за најистакнат млад играч на планетата од авторитетниот спортски медиум „ESPN“.
Според изданието, 16-годишниот талент е на првото место меѓу најдобрите фудбалери до 21 година.
Рангирањето опфаќа вкупно 39 млади играчи и се базира на нивните перформанси на највисоко ниво, постојаноста во играта и потенцијалот за иден развој.
„ESPN“ ги собра мислењата на фудбалските скаути, спортските директори од водечките европски клубови и експертите од дигиталните скаутинг платформи.
На втората позиција е германскиот плејмејкер Флоријан Вирц, кој има импресивна сезона со Баер Леверкузен и веќе е меѓу водечките фигури во Бундеслигата. Третото место го зазема англискиот играч за врска Џуд Белингем, кој блеска со тимот на Реал Мадрид.
Еве ги првите пет на рангирањето на ESPN:
1. Ламин Јамал (Шпанија/Барселона)
2. Флоријан Вирц (Германија/Баер Леверкузен)
3. Џуд Белингем (Англија/Реал Мадрид)
4. Пау Кубарси (Шпанија/Барселона)
5. Жоао Невеш (Португалија/Пари Сен Жермен)

