Барселона го освои Кралскиот Куп по драматичната победа од 3:2 против Реал Мадрид по продолжение. Натпреварот беше решен во 116-тата минута, кога Каталонците го постигнаа победничкиот гол и стигнаа до уште еден трофеј во шпанскиот фудбал.
Откако го расплака Реал Мадрид и ја забележа третата победа во три натпревари против Реал оваа сезона (победи со 4:0 во првенството и 5:2 во Суперкупот), младата ѕвезда на Барса, Ламине Јамал, не го криеше својот оптимизам и сподели што му кажал на својот соиграч Роналд Араухо по победата.
„Му реков на Роналд дека не е важно дали ќе постигнат еден или два гола. Оваа година никој не може да ни одолее“, рече самоуверениот Јамал по натпреврот.

