Менаџерот на Челзи Френк Лампард беше многу задоволен од настапот на Челзи и покрај тоа што загуби од Ливерпул во Супер куп натпреварот и ги пофали своите играчи. Како и со Манчестер Јунајтед, Челзи играше напаѓачки и имаа многу шанси, а исто така се подобри и во одбраната.
„Го почитувам Ливерпул и признавам дека тие исто така имаа ситуации, но за мене беше очигледно дека бевме подобри во натпреварот. Бевме несреќни во некои ситуации и не бевме доволно прецизни, но во целина јас сум горд на настапот на момчињата“, изјави Лампард по натпреварот.
„Не сакам да губам, но јас сум задоволен од настапот на Челзи на оваа средба. Силно сакавме да победиме и не можев да бидам позадоволен од настапот на играчите. Ова е добар знак дека ние сигурно ќе се подобриме“, додаде тренерот на Челзи.
„Не сакам да звучам како да сежалам, но имавме два дена помалку да се подготвиме за овој натпревар и во еден момент се чувствуваше замор. Се разбира дека не изгубивме заради тоа, но тоа е разочарувачки“, заврши Лампард.