Фудбалскиот состав на Дерби Каунти ќе заработи 3,5 милиони фунти доколку менаџерот на тимот, Френк Лампард, го преземе кормилото на Челзи, објавија денеска медиумите во Англија.
Бидејќи екипата од Лондон најверојатно ќе се раздели со Маурицио Сари кој е пред вратата на Јувентус, името на Лампард се наоѓа високо на листата на фаворитите кои треба да ја преземат неговата функција.
Лампард во дебитантската сезона успеа со Дерби Каунти да дојде до баражот за пополнување на Премиер лигата, но, беше совладан на „Вембли“ од Астон Вила.