Челзи синоќа загуби од Реал Мадрид со 0:2 иво реваншот од 1/4 финалето на Лигата на шампионите со што ги заврши своите настапи во ова натпреварување. менаџерот на тимот, Френк Лампард, стана првиот менаџер во 118-годишната историја на сините кој ги загубил првите четири натпревари на клупата.
Претходно лондончани загубија од Брајтон (1:2), Реал Мадрид (0:2) и Вулверхемптон (0:1).
Лампард стана привремен менаџер на Челзи на 6 април, а претходно ги водеше „сините“ од јули 2019 до јануари 2021 година.