Фудбалската асоцијација на Англија покрена официјално обвинение за менаџерот на Дерби Каунти, Френк Лампард.
Поранешниот играч на Челзи беше избркан во 77-тата минута на дуелот со Ротердам кој не говиот тим го загуби со 1-0, со што ја прекина серијата од три последователни победи. Пред тоа, во 58-тата минута и Том Лоренс од составот на Дерби доби црвен картon. Пет минути потоа Ротердам поведе со гол од пенал на Рајан Менинг.
Лампард тогаш ја напушти обележаната зона за да протестира против судиските одлуки. Токму поради тоа е обвинет за непристојно однесување од страна на Фудбалската асоцијација на Англија.