Фудбалскиот состав Челзи започнал тешки преговори за привлекување на дефанзивецот на Гетафе, Марк Кукуреја.
На „Стемфорд Бриџ“ се импресионирани од квалитетите на младот играч и сакаат да го земат во текот на летото. Големиот талент игра за Гетафе како позајмен од Барселона што значи дека Каталонците ќе добијат 40% од вкупната сума доколку се реализира трансферот.
Тоа значи дека „сините“ ќе мора да преговараат и со двата клуба во исто време доколку сакаат да го привлечат Кукуреја во нивните редови.