Англискиот стратег Френк Лампард нема да биде вклучен во конечната листа на претенденти за тренерското место во Глазгов Ренџерс, пренесува „Телеграф“.
Поранешниот кормилар на Челзи е подготвен да се врати на работа, но не постигнал договор со раководството на шкотскиот гигант.
Според Sky Sports, шкотскиот клуб разгледува две опции – тренерот на Јокохама, Кевин Мускат и поранешниот тренер на Монако, Филип Клемент.

