Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, по вчерашното дерби на теренот на Челзи кое заврши 0:0 во рамките на Премиер лигата, истакна саркастично дека неговиот тим не е коњ во трката туку мал пони и дека разликата е видлива. На тоа реагираше неговиот колега на клупата на „сините“, Френк Лампард.
„Жозе може да каже што сака, но, тие се на врвот на табелата. Сон има девет голови а Хари седум, инвестираа многу “ – вели малдиот тренер на Челзи.
„Герет Бејл седи на клупата, Деле Али не е тука. Мислам дека разликата е многу мала а Жозе може да каже што сака“ – потенцираше Ламапард.

