Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Френк Лампард, застан во одбрана на голманот Кепа Аризабалага кој по мечот со Брајтон доби серија на критики.
„Сините“ на отворањето на новата сезона во Премиер-лигата славеа на теренот на Брајтон со 3-1 а шпанскиот голман имаше лоша реакција во 54 минута кога се затресе неговата мрежа.
„Задоволен сум од тоа што го покажува Кепа. Не сум сигурен дека можеше подобро да реагира во таа ситуација. Видов дека има поголема самодоверба, тој ќе мора да се бори за место на теренот“ – вели Лампард.