Тренерот на фудбалерите на Челзи, Френк Лампард изјави дека пред неговата екипа е тешка задача затоа што во наредното коло во Карабао Купот на Англија ќе се сретне со Манчестер Јунајтед.
„Само ја видов пенал серијата на Манчестер Јунајтед против Рочдејл, затоа не можам да го коментирам натпреварот. Сепак, јасно е дека не очекува тешка задача. Ќе се сретнат два големи клуба, очекувам добра игра“ – изјави Лампард.
Дуелот меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед во рамките на осмина-финалето од Лига Купот на Англија ќе бид одигран на 28-ми октомври.